Македонија
27. August 2018 - 16:25

Камбовски тврди дека организирањето бојкот е казниво, дел од колегите го повикаа да го прочита уставот

Казна затвор за повик на бојкот на референдумот бидејќи се спречува законски донесена одлука или слобода на говор и уставно право на изјаснување и законот за референдум дека и негласањето е опција? Ова е полемиката откако академикот и професор по кривично право Владо Камбовски, во изјава за порталот Сакам да кажам, порача дека повикот и агитирањето на граѓаните да не излегуваат на гласање на 30 септември е кривично тело.

Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе“.

Камбовски се повикува на член од Крвичниот законик кој се однесува на организирање на отпор на законски донесена одлука. Според овој член тој што организира непослушност се казнува со казна до три години затвор. До пет години затвор се казнува ако со отпорот дошло до неспроведување или отежнување на одлуката. (телоп кз)

Но наспроти Камбовски, пратеникот Антонијо Милошоски кој веќе се изјасни за бојкот вели дека негласањето е опција дадена во законот за референдум и легитмина алтка одобрена од Венцијанската комисија.

Независно од толкувањето на Камбвски кое го смета за полтиитички мотивирано или од личен интерес, Милошоски вели дека ќе води кампања за бојкот.

Од „Глас за Македонија“ на Грчева, изјавата на Камбовски ја сметаат како скандалозна,правно неиздржана и безуспешен обид за заплашување.

Организирање на отпор кон законита одлука би било организирање на физичко спречување на гласачи да пристапат до гласачките места.  А никако не агитирање за исходот на референдумот. Ова е не само правна, туку основна логичка грешка.  Право на изјаснување на референдум „за“, „против“ или не излегување на гласање (или бојкотирање) се три подеднакво легитимни  права. Според тоа, правото за агитирање за било кое од овие легитимни права е легитимно. Тоа Е право на слобода на говор. Монструозно е агитирање за било која опција да претставува кривично дело. Дали и Претседателот на Собранието прави кривично дело, доделувајќи пари за агитација за сите овие три можности“

Професорот по уставно право Саво Климовски упатува подобро да се чита Уставот каде што се дефинирани и се штитат човековите права и слободи.

- Ако не сакаме со „неподнослива леснотија“ една арбитрерност да ја замениме со друга, тогаш би им советувал на сите мои колеги, пред каков било јавен настап, да ги освежат своите познавања со уставните норми како темел на сите правни гранки, особено на оние кои треба да ги заштитат човековите слободи и права содржани токму во овој највисок правен акт“