Македонија
25. August 2017 - 14:33

Камануван патнички воз во Скопје Север

Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево вчера бил каменуван кај надвозникот во населбата Бутел во близина на железничка станица Скопје Север, соопшти МВР.

Нема повредени лица, но искршено е едно прозорско стакло од вагон. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.