Џет-Сет
25. August 2015 - 12:14

Калвин Харис најплатен Ди-Џеј според „Форбс“

Калвин Харис се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени диџеи со годишна заработувачка од 66 милиони долари.

Харис (31) е продуцент кој работел со радио ѕвезди како Ријана, Ели Гулгинд и Ни-Јо.

Неговиот албум од 2014 година Motion беше прв на листата за денс музика. Рекламира долна облека на Армани, очила и часовници, а моментно е во врска со поп пејачката Тејлор Свифт. На второ место е Французинот Дејвид Гета со 37 милиони зарадботка. Следува Тиесто и Скрилекс.