Македонија
12. May 2016 - 22:18

Калиопи со извонредна изведба на „Дона“ во Стокхолм

Македонската поп дива Калиопи вечерва одлично ја претстави Македонија  на 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.

Маестрално со многу емоции, Калиопи ја изведе песната „Дона“ настапувајќи осма на втората полуфинална вечер.

По извонредниот настап останува да се надеваме дека Калиопи со „Дона“ ќе обезбедат пласман за финалето.

Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.

Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.