Македонија
13. May 2016 - 8:53

Калиопи не се пласира во финалето на Евросонг

Македонската поп дива Калиопи не успеа да се пласира во финалето на годинашното 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.

Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа синоќа, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето.

Калиопи се претстави со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.

Ова беше вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, а од втората полуфинална вечер се пласираа Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија.

Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.