Loading Video...
Тенис
9. July 2021 - 18:27

Калин Ивановски го заврши настапот на јуниорскиот дел на Вимблдон

Паралално со сениорскиот се игра и јуниорскиот турнир на Вимблдон, на кој Македонија беше претставувана од Калин Ивановски
 
Големата македонска тениска надеж, Ивановски го заврши својот настапи во Лондон, откако во осминафиналето тој беше поразен од фаворизираниот домешен тенисер Џек Пинингтон Џонс со 2-0 во сетови. 
 
17-годишниот Ивановски одлично го одигра првиот сеткој Британецот го доби во со 7-5.
 
Во вториот Ивановски по трите загубени гема во низа, беше приморан да повика медицински тајм-аут поради повреда на бутниот мускул, но младиот македонски тененисер не го предаде мечот и одигра до крај на своите можности, што сепак не беше доволно да направи комплетен резултатски пресврт. 
 
Со својот настап на Вимблдон, Ивановски уште еднаш ги потврди своите квалитети и покажа дека Македонија има тениска иднина.