Тенис
30. October 2022 - 19:05

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција

Ивановски  потврди дека формата му е во нагорна линија и триумфираше на турнирот во Грција без загубен сет. 
Македонскиот тенисер во финалето загуби само два гема од Романецот Себастиан Гима против кој славеше со 6-1,6-1 во меч кој траеше 50-тина минути. 
Ивановски комплетираше пет победи и го освои вториот пехар во кариерата откако претходно победи и во Тунис. 
Паричната награда на турнирот во Ираклион беше 15 илјади долари.