-->
-->
Какво време не очекува наредните денови, нова прогноза на УХМР
-->
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Д.Капија, Берово, Претор, 4 Струмица,16 Дојран, 27 Гевгелија.
Времето денес (15.07 2017 год.): Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а во југоисточните делови од јужен правец. Попладне, претежно во јужните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи, услови за појава на град и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во југоисточните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје температура до 32 степени.
НАЈАВА: Утре времето ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ).
Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Утре и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде утре кога максималната температура на повеќето места ќе биде околу 20 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола