Македонија
23. August 2017 - 10:38

Какво време не очекува до крајот на месецот

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени. УВ=8

Во Скопје температура до 29 °C.

До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната  температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.