Македонија
4. July 2017 - 18:13

Какво време не очекува до крајот на денот и во наредните денови

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 33 Гевгелија, 32 Д. Капија, 31 Струмица, 30 Виница, Штип, 29 Скопје -Зајчев Рид, 28 Скопје -Петровец, 28 Битола,Тетово, Охрид, 26 Прилеп, Претор, Кр. Паланка, 25 Тополчани, Берово, 24 Пожаране, 23 Ѓуриште, 22 Лазарополе, 20 Маврово.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше умерен, на повеќе места повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, Скопската котлина, Пелагонија и Штипскиот регион и на моменти достигнуваше брзина од 40 до 54 км/час. УВ=9
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови. УВ=9 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9 Т-мин. од 8 до 18 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.
 
Скопје Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите од 14 до 31 степен.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.