Македонија
29. July 2017 - 8:56

Какво време не очекува?

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени,  а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 17 до 35 степени.

Во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Со порастот  на температурата на воздухот се зголемува опасноста за појава на шумски пожари. Во недела и понеделни попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.