Џет-Сет
30. July 2015 - 10:39

Какво изненадување Северина му подготви на Игор за роденденот

Северина Вучковиќ вчера постави билборд со роденденска порака пред куќата на Кеба во Бежанијска коса.

Хрватската пејачка, ден пред тоа на симпатичен начин му го честиташе роденденот на своето момче Игор Којиќ, кому на огромна табла поставена на приколка пред родителскиот дом му напиша:

-Љубов моја, среќен роденден, те сакаме - а потоа шифрувано во срце ги спои буквите Аи С, С, С - што преставува само за нив познати шифри со кои инаку често се разбираат и преку Инстаграм.

Можно е А и С да се однесува на инцијалите на нејзиниот син Александар и нејзините.

Инаку, според српски Курир, Игор синоќа дома правел роденденска журка, па овој гест на Северин послужил како одлична увертира во целата славеничка приказна.

-Северина неколку дена го подготвуваше изненадувањето за своето момче за да му го разубави прекрасниот ден. Таа со помош на сестрата и пријателите порачала приколка со голем билборд, а честитката сама ја осмислила и ја испишала со својот ракопис, открива извор близок до пејачката и додава:

Ljubav cveta... Igor i Seve

-Со оглед дека тие постојано еден на друг нешто си подаруваат, Северина за оваа прилика се сети оваа необичпна идеја да ја спроведе во дело. Неколку дена им телефонираше на луѓето кои учествуваа во подготвката на изненадувањето. Се претпосатвува дека пораката на билбордот била вистински шок за Игор, што се покажало како точно. Кога тој вчера излегол пред куќата и го видел, останал без текст и малку фалело да заплаче од среќа. Истиот момент ја повикал Северина и и се заблагодарил, вели соговорник.

По овој повод таткото на Игор, пејачот Кеба не сакаше да даде изјава за гестот на снаата:

Немојте ништо да ме прашувате, јавете им се на Игор и Северина, порача Кеба.