Македонија
16. February 2019 - 17:09

Какви терористички акти се подготвувале во земјава?

Молк од надлежните институции по синоќешната информација дека се подготвуваат терористички напади во државата.. Од министерството за внатрешни работи не откриваат на кои локации се правени претреси ниту какви предмети се пронајдени.. Јавното обвинителство информира дека веќе се постапува по случајот ама не прецизираат детали..

„По наредба на Јавен обвинител, одземените материјали во акцијата на МВР се предадени за вештачење“, велат од ЈОРМ..

Додаваат дека засега не може да го кфалификуваат делото кое се истражува..

Синоќешното Предупредувањето за можни терористички напади, денеска не го зголеми присуството на полицијата на јавните површини и објектите каде има зголемена фрекфенција на движење.. И покрај ваквите информации Граѓаните не се чувствуваат загрозени..

Доцна синоќа МВР соопшти дека со размена на информации со партнерска земја спречила терористички напад кој го подготвувале радикални структури на ИСИС.. Во кусото известување наведе оти на неколку локации во државата се направени претреси и одземени се уреди и предмети поврзани со можниот напад..

Неколку часа подоцна реагираше амбасадата на САД во земјава.. Издадоа соопштение според кое има зголемен ризик од терористички акт во земјата.. Поради ова им препорачаа на американските граѓани кои престојуваат  во Македонија да бидат внимателни.. Како ризични места за престој ги посочија трговските центри, пазари, спортски наптревари, паркови..

Инаку според неофицијлни податоци до крајот на минатата година се регистрирани 15 активни борци од Македонијка во редовите на ИСИС.. Заради учество во нивните воени акции во македонските затвори се 23-ца, а 60-мина се смета дека се на слобода после враќањето од Сирија..

Во 2015-та пак во земјава се спроведе антитерористичката акција „Ќелија“ во која беа уапсени 9-мина под сомнение дека мобилизираат припадници за паравоените формации на блискиот исток..