Какви подароци враќаат Американците по празниците
Третина од Американците, или 36 отсто, имаат намера да ги вратат подароците добиени за време на божиќните и новогодишните празници. Најмногу се враќа облека (68 отсто), електроника и електро-технички уреди (23 отсто) и играчки (20 отсто).
Резултатите се од анкета спроведена од сајтот за приватни финансии „ВалетХаб“ а испитани биле 500 корисници.
Според анкетата, 46 отсто од Американците сметаат дека продавниците треба да ги примаат назад вратените производи во текот на три месеци, додека речиси половина од испитаните укажале дека парите за непотребните подароци сакаат да ги добијат веднаш и без одложување.
Од анкетата уште се дознава и дека дарувачите не се секогаш задоволни со својот избор. Само 20 отсто од испитаните не жалат што влегле во минус на сметката после подароците купени за роднини и пријатели. За третина од испитаните Американци времето за избор на подароци пред Божик и Нова година е специјален период во годината.
Анкетата истот така покажува и дека 42 отсто од Американците се соочиле се притисок од блиските бидејќи трошеле повеќе отколку што тие сакале. Додека 54 отсто од испитаните се родители и само 13 отсто биле подготвени да го бојкотираат трошењето пари во периодот пред празниците.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори