Македонија
18. December 2018 - 16:23

Каква опасност демне од складираниот со децении линдан во скопски ОХИС?

Изомер од Линдан е токсичната прашкаста материја и во форма на паста која се исфрлала како отпад во процесот на производство во Охис.

Линданот бил произведуван како пестицид за унштување на вошки и болви. Раководителот на канцеларијата ПОП.с која се занимава од 2002 година со оваа проблематика вели дека процесот на производство бил запрен уште во 1987 но многу подоцна бил затрупан со почва за да не се шири преку воздухот.

Линданот е класифициран во група 1 канцерогени супстанци, перзистентна хемикалија која при долг процес се распаѓа во животната средина и испарува. Андонова објаснува дека оваа токсична материја од базените во Охис пробила низ почвата и докажано е дека има навлезено во подземните води но и на одредени точки во коритото на Вардар.

Граѓаните не би можеле со сигурност да знаат каде се е присутна оваа материја, но можат да се заштитат доколку внимаваат од каде и во колкави количини конзумираат одредени производи.

Линданот е вклучен во Стокхолмската конвенција во 2009 година кога е класифициран во група А, супстанца која мора да се елиминира и да престане да се произведува. Македонија конвенцијата ја потпиша на 23 мај 2001.