Фудбал
14. March 2019 - 11:55

Каква игра игра ФФМ, некој ставил клуч на врата на федерацијата

За првпат во историјата на македонскиот фудбал ФФМ ги затвори вратите во работен ден со што на сите претставници на клубовите, фудбалски работници, новинари им е оневозможено да влезат во зградата на ФФМ и да ги завршат своите потреби и активности.
 
Ова како што објавува веб-порталот sport1.mk се случува на четири дена пред одржувањето на Изборното собрание за нов претседател на ФФМ кое ќе биде незаконско бидејќи претседателот на изборната  комисија е во роднински врски со единствениот кандидат за претседател в.д вршителот на должноста Муамед Сејдини и плус мандатот му е истечен од пред две години.
За ова и за други неправилности во статутот кои се спротивни со Законот за спорт и Законот за дискриминација реагираше и Агенцијата за млади и спорт која се закани со одземање на решението за вршење дејност спорт доколку Изборното собрание не биде одложено за да се усогласи статутот со законските прописи на РМ.