-->
-->
Каква игра игра ФФМ, некој ставил клуч на врата на федерацијата
-->
За првпат во историјата на македонскиот фудбал ФФМ ги затвори вратите во работен ден со што на сите претставници на клубовите, фудбалски работници, новинари им е оневозможено да влезат во зградата на ФФМ и да ги завршат своите потреби и активности.
Ова како што објавува веб-порталот sport1.mk се случува на четири дена пред одржувањето на Изборното собрание за нов претседател на ФФМ кое ќе биде незаконско бидејќи претседателот на изборната комисија е во роднински врски со единствениот кандидат за претседател в.д вршителот на должноста Муамед Сејдини и плус мандатот му е истечен од пред две години.
За ова и за други неправилности во статутот кои се спротивни со Законот за спорт и Законот за дискриминација реагираше и Агенцијата за млади и спорт која се закани со одземање на решението за вршење дејност спорт доколку Изборното собрание не биде одложено за да се усогласи статутот со законските прописи на РМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море