Loading Video...
Фудбал
14. March 2019 - 18:54

Каква игра игра ФФМ, некој ставил клуч на врата на федерацијата

За првпат во историјата на македонскиот фудбал ФФМ ги затвори вратите во работен ден со што на сите претставници на клубовите, фудбалски работници, новинари им е оневозможено да влезат во зградата на ФФМ и да ги завршат своите потреби и активности.
 
Ова како што објавува веб-порталот sport1.mk се случува на четири дена пред одржувањето на Изборното собрание за нов претседател на ФФМ кое ќе се одржи во Охрид в недела во х.Инекс Горица. 
 
Пред неколку дена група спортски работници во писмо обвинија дека собранието ќе  биде незаконско  бидејќи претседателот на изборната  комисија е во роднински врски со единствениот кандидат за претседател в.д вршителот на должноста Муамед Сејдини и како што пишува sport1.mk  мандатот му е истечен од пред две години a патем истиот како претседател на Управниот суд не смее да биде член на било каква комисија како што пропишува законот за судови и судии.
 
За ова и за други неправилности во статутот кои се спротивни со Законот за спорт и Законот за дискриминација реагираше и Агенцијата за млади и спорт која се закани со одземање на решението за вршење дејност спорт доколку Изборното собрание не биде одложено за да се усогласи статутот со законските прописи на РМ.
 
Во меѓувреме со демант реагираше и ФФМ во кој се отфрлаат овие обвинувања и се објаснува дека со дополнувања  на правилникот  мандатот на комисијата е продолжен до наредното Изборно собрание.  
 
Интересно утринава ФФМ беше под клуч со празен паркинг а дел од вработените биле информирани преку мејл  како што тврди sport1.mk два дена да не доаѓаат на работа.   Од кои причини не е јасно,но затоа јасно е дека изборното неделно собрание треба да биде транспарентно, демократско и валидно во споротивно се заканува криза во мак-фудбалот  со потешки последици кои најмногу ги чувствуваат клубовите и оние кои инвестираат во овој спорт а нив за жал во оваа ситуација најмалку ги прашуваат.  Имаат малку влијание врз носење на одлуките , без пари од телевизиски права и без пари за награди за освоените трофеи од најбогатата спортска федерација.