Џет-Сет
3. September 2017 - 22:04

Каков пресврт: Аца Лукас прашува - Која е таа Соња, јас таква жена не познавам!

Пејачот Аца Лукас за „Ало“ вели дека е сослушан, поради наводниот напад врз поранешната жена, и дека наскоро ќе биде пуштен од ПС Нов Белград.

-Дадов исказ. не сум задржан. Нема да поднесувам тужба против неа. Јас не ја познавам Соња Вуксановиќ. Која е таа жена? Таа за мене повеќе не постои, изјави Аца Лукас за „Ало“.

Вчера изби инцидент меѓу екс сопружниците. Соња потоа повикала полиција дека Лукас ја нападнал во нејзиниот стан и ја удрил по глава. На полицајците им покажа модринка на ногата. Потоа помош побарала во Ургентниот центар каде дошла во розови тренерки и со капа на глава за да не ја препознаат.