Македонија
11. September 2020 - 21:27

Каков парламент да очекуваат граѓаните, функционален или политичка криза?

50 дена не беа доволни за народните избраници да седнат во сбораниските клупи и да ја почнат својата работа. 8 собраниски седници од 5 август наваму, но ниту едно законско решение, ниту една парламентарна дебата која би се однесувала на граѓанските проблеми, ниту една одлука за справување со КОВИД пандемијата, наместо тоа парламентот заглави со пратеници кои гласат од преведувачки кабини поради корона вирус за да обезбедат кворум за тенкото владејачко мнозинство од 62 пратеници, опозиција која протестира и власт која три недели водеше преговори за собраниски тела.

Колку граѓаните можат да очекуваат парламент што ќе работи во нивна корист во вакви политички и здравствени услови меѓу народните избраници? Политичките аналитичари велат – не може да се има такво очекување.

Кржаловски вели дека онлајн парламентарната дебата е една од опциите за да се помогне во ситуацијата и дека од тоа не смее да се прави политичко прашање. Она што според него прво треба да го сработат народните избраници во корист на граѓаните се законите од економската сфера за сузбивање на последиците од КОВИД пандемијата, а потоа доколку ги почнеме преговорите со Брисел на собраниската сцена треба да се најдат европските реформи.

Аналитичарот е дециден дека сепак, ниту е време, ниту пак, ќе има парламентарна криза бидејќи многу е веројатно власта да обезбеди и нови пратеници на своја страна.

Првата седница која дава надеж дека пратениците најпосле ќе го сработата она за кое се избрани е в понеделник кога ќе се носи одлуката за конечно формирање на работните тела.

Опозцијата најави конструктивност за оваа седница.