Фудбал
24. February 2018 - 16:40

Каков кикс, го остави празен голот да се напие вода

Ретко виден гаф се случи на дуел од Втората Бундес лига во Германија помеѓу поранешните бундеслигаши Дуизбург и Инголштад кој го добија домаќините со 2-1.  Лесно можеше домашниот голман Марк Флекен од јунак да се претвори во трагичар. Флекен најпрвин одбрани пенал во 11м а подоцна дозволи противникот да израмни на 1-1 откако го остави голот празен за да се напие вода.  На крајот сепак среќа за Флекен бидејќи Дуизбург постигна и втор погодок и освои три бода.