Бизнис
21. October 2017 - 16:36

Каков фидбек има од владината мерка за годишен одмор за социјално ранливите категории?

Само 700 граѓани поднеле барање да одмараат на државен трошок  вон сезона. Рокот истекува до крајот на месецот, а интересот не е како што било очекувано брифираат од Министерството за економија.

Планираната бројка од 4000 семејства од социјално ранливите категории кои државата требаше да ги субвенционира, тешко дека ќе биде достигната во следните 10 дена.

Дел од угостиелите коментираат дека мерката била избрзана. Хотелиерите биле консултирани но не и лицата од социјално ранливите категории. Тие имаат многу поважни проблеми за решавање. Целната група е погрешена, и затоа има слаб интерс.

Од ресорното министерство велат  дека следниот месец ќе се прават анализи дали мерката ги дала очекуваните резултати, каде им грешки и како ќе се спроведува во иднина. Потсетуваат дека целта на проектот е да им се помогне на лицата со ниски примања да одат на годишен одмор.Од друга страна туристичките центри да заживеат надвор од сезоната.

Со мерката државата доделува ваучери од 15 000 денари на лиоцата со вкупни примања до 22 000 месечно. Заинтерсираните треба да добијат потврда од министерството за економија, и на тој начин да аплицираат.  Бесплатниот одмор може да се реализира вон сезона и тоа до 5 работни денови. За оваа намена се издвоени близу милион евра.