Свет
9. April 2020 - 21:10

Како живее светот во корона криза сведоштва од три континента

Нема драстични мерки за граѓаните но животот сепак се промени во целост во голем број држави во САД. Михаило Иванов македонец кој веќе неколку години живее во околината на Њујорк за Сител раскажува како изгледа нивното секојдневие по појавата на коронавирусот. Од град кој немаше никакви мерки, сега поради порастот на заболени, луѓето го променија целосно начинот на живот и заштита.

Во првите денови по масовното ширење на ковид19 настапила општа хистерија помеѓу населението .

Од денот кога беше прогласена пандемијата Шведска се издвојува во  пристапот кон вирусот од сите други држави. Во функција се сите локали, училишта, градинки, фирми но луѓето таму поинаку се однесуваат. Иако беа осудувани како земја која прави огромен експеримент, самосвеста кај населението  е на многу високо ниво вели Ана Трајчевска македонка родена во Шведска. Единствено ограничување останува масовните собири кои до пред неколку дена беа до максимум 500 луѓе сега да се сведе на 50.

Австрија најверојатно до крајот на април ќе го врати животот целосно во нормала. Луѓето се дициплинирани и нема строги ограничувања.

ВО Франција рестораните и моловите се затворени од 17 март. До пред неколку дена луѓето биле по слободни, но по порастот на заболени  иако нема полициски час, сепак граѓаните не смеат да спортуваат и да се рекреираат надвор како порано.

Во Дубаи воведувањето на мерките одело постепено, и  денес се излегува до маркет  само со претходна регистрација. 

Кристина, Влатко, Ана и Михајло  како македонски джавјани и Марко како државјанин на Србија одлучиле светската криза да ја поминат во државите каде што престојуваат.