Живот
8. April 2017 - 19:55

Како во „Книгата за џунглата“: Пронајдено девојче кое живеело со мајмуни

Полицијата во резерватот Катарниагат во Индија пронајде девојче, кое извесен период живеело со мајмуни.

Жителите на регионот Мотипур во јануари ја известиле полицијата дека во шумата виделе девојче со група мајмни. Полицијата долг период се обидуваше да го фати девојчето, но тоа им бегаше.

- Кога полицаецот го повика девојчето, мајмуните го напаѓаа. Сепак тој успеа да ја спаси. Тој го зеде девојчето и трчаше до возилото, а мајмуните трчаа по нив, изјави полицацот Динеш Трипати.

Девојчето е хоспитализирано во Бараих и се уште се лекува. Таа не зборува и не разбира ниту еден јазик.

- Поминала многу време со животните и логично е да се однесува како нив, изјави лекарот Д. К. Синг.

Се претпоставува дека девојчето е на возраст од осум до 12 години. Лекарите работат на нејзина социјализација, но иако почна да оди на две нозе и да јаде со раце, се уште е склона на напади на бес и аграсија.

Полицијата трага по родителите на девојчето.