Живот
2. October 2015 - 12:02

Како Сузана Спасовска пее на кинески јазик

Македонскиот музички бисер Сузана Спасовска сподели видео на нејзината страна на социјалната мрежа Фејсбук  во кое може да слушнете како Сузе Национале пее на кинески јазик.

Имено, во кинеската  амбасада во Скопје  се одржа свеченост по повод одбележување на Националниот ден на НР Кина, 1 Октомври. Амбасадата во соработка со институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св. Кирил и Методи“ Скопје и укажаа чест на Сузана Спасовска да ја отпее македонската и кинеската национална химна.