Фудбал
16. April 2017 - 16:15

Како Сиригу одбрани два пенала во Мадрид

Атлетико рутински славеше против последнопласираната Осасуна 3:0, но мечот мина во знакот на искусниот италијански голман Сиригу, кој во финишот на играчите на Атлеитко им одбрани два пенали.
 
Чоло Симеоне, во пресрет на четвртфиналниот реванш против Лестер во Лигата на шампионите, ги одмораша најдобрите играчи, но Атлетико без мака славеше над Осасуна. Два гола постигна Карсако во 30. и 47.минута, а стрелец беше и левиот бек Фелипе Луис во 61.минута.
 
Во финишот, во интервал од една минута играчите на Атлетико не реализираа два пенала. Сиригу им ги одбрани ударите на Караско и Томас Парти.
https://