Македонија
30. January 2017 - 16:17

Како што беше ветено - неподвижниот 62 год. Костадин денеска е сместен во Геронтолошкиот завод

Неподвижниот Костадин е сместен во Геронтолошкиот завод.  Денеска на оделот за интензивна нега покрај него беше и синот Дејан кој ја алармираше јавноста за нивниот тежок живот во трошната куќичка во скопско Ѓорче. Во наредниот период за тешко болниот 62- годишен човек ќе се грижи медицинскиот тим од здравствената установа. Уште утрово направени се неопходните испитувања и дадена му е соодветна терапија.

Младиот Дејан кој е невработен, и до вчера поради обврските околу болниот татко неможел да заработува добил понуда за работа во приватна фирма. Благодарен е од хуманоста на граѓаните и брзата реакција од институциите.

Вчера од министерството за труд и социјала ветија дека наредниот период ќе го реновираат скрониот дом  на семејството Костовски кој сериозно е оштетен по минатогодишниот пожар, но во овој момент на Дејан најнеопходни му се дрва за огрев.

Сите хумани граѓани своите донации можат да ги достават во домот на семејството Костовски на улицата Лепенец број 15 во Скопско  Ѓорче Петров.