Џет-Сет
17. December 2015 - 8:48

Како семејството Којиќ го прифати синот на Северина?

Северина од минатата врска со бизнисменот Милан Поповиќ го има синот Александар кој семејството на нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ одлично го прифати. Драган Којиќ Кеба открил дека се радува на што Игор и Северина ќе му подарат внуче, но и дека е исполнет бидејќи малиот Александар го вика дедо.

- Постои едно прекрасно момче кое се вика Александар, кој мене ме вика дедо и ми го полни срцето и душата со љубов и среќа. Јас сто отсто ја  примам неговата љубов и уште поголема му давам. Му благодарам на Господ ќе имаме и проширување на семејството и уште поголема среќа, изјавил Кеба.