Македонија
23. March 2016 - 16:37

Како се збогати Катица Јанева, која вчера призна дека нема докази во истрагите

Заедничко за Зоран Заев и Катица Јанева е тоа што и двајцата имаат огромен капитал. Специјалната обвинителка најави дека таа допрва со своите десет прсти допрва ќе се збогатува.Весникот вечер неодамна откри дека специјалната обвинителка за нешто повеќе од шест месеци купила два стана во Скопје и нов автомобил. Становите на Јанева се водат на име на нејзините деца а се со големина од 68 и 72 метри квадратни. И покрај тоа што Специјалната обвинителка поседува станови во Скопје таа побара и доби и државен стан. И тоа со лажна изјава дека не поседува стан во главниот град.

Од специјалното обвинителство и денес на Сител не му одговорија, зошто нивната шефица не претстојува од становите кои ги поседува? Како што не одговорија на дали некои од становите кои ги поседува Јанева ги изнајмува на трети лица.

Не сакаа ниту да го прокоментираат вештачењето на Бирото за вештачење кое утврдило дека Катица Јанева лажела во изјавата со која барала државно земјиште под наем.

Во својот извештај до Собранието, Јанева вели дека таа била транспарентна кон медиумимите но веќе неколку месеци упорно не одговоара на овие прашања. А кога е приморана за својот имот да одговара пред камерите, Специјалната Обвинителка вели дека нејзиниот имот само ќе расте.