Како се постигнува автентична харизма?
Харизматичните луѓе се однесуваат како харизмата да е нешто што лесно се постигнува. Но, тоа е вештина што се научи и развива како и секоја друга во животот, според стручњаците. Така, и комуникологот Хенрик Крајевски од Торонто, Канада, смета дека харизмата не е недостижна.
-Тоа и не е магија. Не е толку тешко да се покаже – или да се има харизма. Всушност, секој може да научи да биде харизматичен, без разлика на личноста или стилот. Харизма е да можеш да се поврзеш со луѓето, а луѓето да се инспирираат можејќи да се идентификуваат со тебе. Тоа е крајната техника на убедување и… Воопшто не е техника, појасни д-р Крајевски.
За таа цел, според стручните совети, треба „да се покаже и ранливост“, пишува „Бест лајф“ (Best Life).
-Да се биде отворен и искрен за своите маани е многу делотворен начин да се всади доверба и допадливост кај другите… Многу докази ги поддржуваат позитивните ефекти од ранливоста. Тоа значи – Вашата ранливост го зголемува чувството на доверба, безбедност и здрав морал… Да се биде лидер кој споделува страв, исцрпеност и фрустрација, заедно со радоста и гордоста, може да овозможи и другите да се чувствуваат безбедно да ги откријат своите емоции. Покрај тоа, вработените ќе ви припишат храброст, т.е. харизма – што не е широко прифатено. Значи, кога ја раскажувате таа приказна за неуспех или признавате разочарување по некое тешко тримесечје, создавате нешто реално и различно за вработените, вели д-р Крајевски.
Вистинската искреност и автентичност ќе ги натера луѓето „да гравитираат“ кон вас. Д-р Роналд Риџо, професор по Организациска психологија на Колеџот „Клермонт Меккена“ во САД.
-Харизмата е збир на вештини. Земете го Мајкл Џордан како пример… Може(ше) да игра на кошаркарскиот терен и да промашува шутеви, но ако некој го предизвика на натпревар, тој „ќе ги оддува“ сите. Тоа не значи оти тој глуми дека не игра. Харизматичната личност е навистина сакана и занимлива емотивна компонента, којашто е многу тешко да се лажира, вели проф. Риџо.
И д-р Вебер Коучинг се согласува дека со покажување на своите недостатоци, им дозволувате на луѓето да се зближат и поврзат со вас.
-Харизматичните луѓе не се плашат да се отворат. Тие не бараат одобрување од другите и немаат за цел да изгледаат совршено, истакна д-р Коучинг.
Всушност, и искуството и истражувањата покажуваат дека за луѓето, попривлечни се оние поединци кои имаат недостатоци, отколку оние што глумат „совршенство“ во животот, се потцртува во написот.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен