Loading Video...
Балкан
7. January 2019 - 16:11

Како се мести паричката за Бадник - Милан Бандиќ хит на социјалните медиуми

По повод православниот празник, во Загреб денеска се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.

Токму овој адет предизвика големи реакции, кога на „Твитер“ се појави снимка на која попот му ја дава паричката на претседателот на Српскиот национален совет Милорад Поповиќ, а тој тајно му го подава на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Бандиќ потоа се фали со паричката.

Ако ова не е циркуз…, коментираат загрепчани.