Loading Video...
Македонија
22. February 2021 - 21:17

Како се движат цените на антиковид вакцините на светскиот пазар - Дали ќе се заштедеше ако навреме се набавеа?

Се уште не е познато колку пари Македонија ќе плати за вакцините против Ковид-19. Од Здравство велат дека не можат да соопштат поради клаузули во договорите при набавка.

-Во повеќе наврати напоменавме дека договорите кои се склучуваат со производителите се доверливи и од овој аспект набавката на вакцини е информација од доверлив карактер. При процесот на набавка на вакцините, сите земји па и нашата се обврзуваат на овој договор и единствено на овој начин можеме да обезбедиме вакцини. Министерството за здравство ќе остане доследно во оваа одлука за која се обврза да ја испочитува према сите производители, велат од Здравство.

Меѓутоа, светските медиуми веќе објавија колкави се цените за доза од различни производители. Па така, цените се движат од 2 и пол до 30 евра по вакцина.

Една доза од вакцината на Фајзер чини околу 16 и пол евра. Надлежните најавија дека од оваа компанија треба да пристигнат 800.000 дози.

2 и пол до 3,30 евра чини една доза од вакцините на АстраЗенека, какви што ќе пристигнат преку КОВАКС системот.

Руската Спутник, според извештаите, чини околу 10 долари по доза, а на американската Модерна е проценета на околу 27 евра.

За кинеските вакцините на Синофарм, пак, засега нема многу официјални податоци колку би чинеле, но според одредени извештаи, една доза ќе чини околу 25 евра.

Меѓутоа, мора да се напомене дека цените на вакцините варираат од пазар до пазар. Поради тоа Србија, кинеските вакцини ги доби под пазарната цена. Ако се земе вакцината на АстраЗенека, една доза во Индија чини 2,24 евра, во САД 3,30, а во Уганда 7 евра.

Дури и за првата вакцина која се појави на пазарот, Фајзер, Д-р Зоран Гучев, во гостувањето во Дневникот на Сител вели рече дека ќе беше многу поисплатливо доколку се набавеа веднаш, отколку да чекаме како сега.

Ако се земе основната цена и со таа државата уште во септември склучеше договор за два милиони дози од најевтината, на АстраЗенека – државниот буџет тоа ќе го чинеше нешто над 6 и пол милиони евра. Доколку се одлучеше за најскапата, на Модерна од буџетот ќе се излеаја 54 милиони евра.

За споредба, од септември досега, кога и всушност сите држави почнаа да набавуваат вакцини против Ковид, државата за помош на стопанството и граѓаните во вкупно два пакети издвои 630 милиони евра.