Свет
7. November 2016 - 10:51

Како сцени од хорор филм: Торнадо во Рим, Колосеумот под вода, луѓе заробени во урнатини

Силно торнадо вчера го погоди Рим, а според најновите информации две лица го загубиле животот во страшното невреме.

Торнадото поминало низ неколку населби во северен Рим како и низ покраината Лацио. Две лица го загубиле животот, додека пак десетици се повредени.

Уништени се продавници, срушени се дрва поради што целиот сообраќај во Рим бил запрен.

rim1

Поради поројниот дожд голем број на римски улици се поплавени, како и римскиот Колосеум.

rim2

Сите служби се на терен а помагаат и волонтери.