Македонија
18. October 2020 - 16:43

Како помина прославата на 1000 години од основањето на манастирот

Македонското светилиште Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето.

- Бигорски е нашиот победник над времето и над вековите наша гордост што трае зошто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток во наш духовен горостас и наш најдобар црковен репрезент истакна во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

- Токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето страв и неизвесност од непознатото многу нашите сограѓани бараат мир ,утеха и надеж токму на oва место. За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште потенцира претстедателот Стево Пендаровски.

И додека во манастирот целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид 19 со заштитни маски и на дистанца, дел од верниците кои денеска дојдоа да бидат дел од одбележувањето на овој историски јубилеј пред  портите не ги почитуваа мерките за заштита од ширењето на заразата.