Како одговор на среќните двојки на Фејсбук ја објавил својата „љубов“ со буритото
Дејвид Сикорски се соочил со „проблемот“ што го имаат сите корисници на Фејсбук на возраст од 20-ина и 30-ина години: нивните насловни страни на профилите се „затрупани“ со фотографии на вљубени двојки и нивните потомци.
- Мојот Фејсбук порано беше исполнет со пијани, инкриминирачки фотографии на пријателите, а сега е полн со венчавки, свадби, деца... Затоа заклучив дека е време и јас со другите да споделам неколку фотографии од мојот љубовен живот, изјави Дејвид за „Базфид“.
Во неговиот случај тоа значело дека објавил многу „сентиментални“ фотографии од неговата „љубов“ со сендвич бурито.
Во неговиот „проект“ се вклучи и слободниот фотограф Кристин Бакревски.
- Бев многу возбудена што можеме да се потсмевме на сите тие форографии. За среќа, Сан Франциско е многу живописен град, изјави Бакревски.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња