Џет-Сет
21. April 2017 - 11:41

Како нацртани: Кеба повторно ги ремонтираше веѓите

Пејачот Драган Којиќ Кеба судејќи по се, редовно го посетува својот козметичар.

Кебе е познат по тоа што сака да се дотерува па затоа и го доби прекарот Огледалце, бидејќи тој предмет постојано го носи со себе.

Во оваа прилика сакаше на своите следбеници да им го покаже своето куче Пак, но сите гледаа во веѓите на Кеба, кои се средени според најновиот тренд. Освен што се исчупкани, тие се и тетовирани и офарбани,

"Перница за Пак“, напиша Кеба, која на фотографијата се бакнува со своето домашно милениче.

Foto: Damir Dervišagić