Свет
28. July 2019 - 14:20

Како на судниот ден: Пукање во Бруклин на прославата на квартот, има загинати и повредени

Во пукање во Бруклин повредени се 12 лица меѓу кои има и деца. Едно лице починало од повредите, а 38-годишниот напаѓач е убиен, објави Дејли Мејл.

Нападот се случил нешто пред 23 часот на прославата „Олд Тајмерс Деј“, традиционална прослава на квартот на која присуствувале илјадници луѓе.

-Ова е еден од најлошите инциденти кои сум ги видел во животот“, рече еден истражител кој е во пензија. 

-Слушнав како фрчат куршуми и легнав, рече еден 66-годишник, кој бил на забавата.

-Кога ја кренав главата имаше чад, како да бил Армагедон, рече очевидец.

-Беше хаос, рече еден продавач, за Њујорк пост. Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио објави порака на Твитер во која изрази жалење за настанот.

„Ќе сториме се што е во наша моќ за оваа заедница да ја одржиме безбедна“, напиша тој.