Живот
18. April 2018 - 18:58

Како на судниот ден: Песочна бура го проголта градот за неколку секунди

Глетката од песочната бура која надоаѓа во вторникот во Иран, постсетуваат на сцените од холивудските апокалиптични филмови, така што многумина кои се најдоа таму, прво ги грабнаа мобилните телефони, а дури потоа побараа засолниште.

Џиновскиот песочен облак кој ги „спои“ неботи и земјата, го прекри целиот хоризонт и за само неколку секудни од периферијата стигна до центарот на градот.

Видливоста, судејќи по направените снимка, се смалила толку што изгледало како густа црвена магла да паднала врз Јазд.

Иранскиот град Јазд се смета за еден од најстарите градови, а е сместен на местото на допирање на двете ирански пустини.

Познат по својата архитектура, се најде своевремено и во извештаите на славниот Марко Поло кој пишуваше за килимите и свилата од Јазд.