Македонија
18. July 2018 - 11:23

Како на филм: Скопјанец излетал од коловозот, удрил во земјен брег и повторно се вратил лентата

Вчера во 07,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница пред клучката Мирковци Д.К.(28) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “Пежо 206“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот,
удрил во земјен брег и повторно се вратил на коловозот по што запрел на помошната лента за запирање на возила.

По случената сообраќајна незгода Д.К. со возило бил пренесен во Градската општа болница “8- ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.