Џет-Сет
21. November 2017 - 21:06

Како Лепа Брена го слави Св. Архангел: Нема да верувате кој ги прави сармите во нејзиниот дом

Пејачката Лепа Брена го слави денешниот празник Свети Архангел Михаил, а подготовките за нејзината слава секоја година се под будно око на јавноста.

Синовите на пејачката посебно се радуваат на семејната собиранка и празникот, па често на социјалните мрежи објавуваат фотографии за од подготовките и од самата прослава.

Дека сите учествуваат во подготвоките покажувал сликата која неодамна на Инстаграм ја објави Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Брена.

На фотографијата Виктор витка сарми, а позитивните коментари се редеа во низа. Многумина го пофалија Виктор затоа што е маж кој учествува во работите во кујна. Но некој го предупреди умерено да ужива, зошто Виктор неодамна избуби вишок на килограми по долга и напорна диета.

Како ќе изгледа прославата во домот на Живојинович останува да видиме, а несомнено е дека наследниците на пејачката ќе ги израдуваат нејзините обожаватели со нови фотографии.