Бизнис
24. November 2017 - 8:42

Како курсот го изеде јавниот долг на Србија

Данас - Белград

Од крајот на 2015 година, па до 30 септември годинава, уделот на јавниот долг на Србија во бруто домашниот производ (БДП) е намален за 10 процентни поени.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изнесе податок дека јавниот долг на Србија сега изнесува 62,7 проценти од БДП, додека во времето кога станал премиер бил 76,5 проценти.

Кога ќе се изрази во проценти од БДП тоа претставува се на се два отсто, бидејќи се проценува дека на крајот на годината БДП на Србија ќе изнесува 37,5 милијарди евра. Тука се поставува прашањето како е можно уделот на долгот во БДП да се намали за десет отсто, а во исто време тој долг да биде помал само за два отсто од бруто домашниот производ.

За почеток треба да се каже дека речиси целосно намалувањето на јавниот долг кој сега изнесува 24,1 милијарда евра за 800 милиони евра е последица на промена на девизните курсеви, односно јакнењето на еврото во однос на доларот и зајакнувањето на динариот во однос на двете валути.

Србија Министерство за финансии

Последнава година динарот номинално зајакна во однос на еврото за четири отсто, а во однос на доларот за дури 14,8 проценти. Реално апрецијацијата е уште поголема, имајќи предвид дека инфлацијата во Србија беше поголема отколку во ЕУ или САД.

Делот на намалување на учеството на јавниот долг во БДП е последица и на растот на бруто домашиот производ кој во 2016 година и 2017 година ќе изнесува 4,85 проценти. Ова е раст изразен во динари, меѓутоа пресметан во евра српскиот БДП од 2015 година па до крајот на годината според предвидувањата на Министерството за финансии да порасне за цели 8,3 проценти.

Членот на Научното друштво на економистите Млаѓен Ковачевиќ вели дека најголем придонес за намалување на јавниот долг всушност има промената на девизните курсеви, а многу помал реалниот раст на бруто домашниот производ.

Млаѓен Ковачевиќ

- Номиналниот износ на јавниот долг во динари е речиси непроменет. Друга работа е што е целосно нерационално динарот да зајакнува на толкаво ниво кога знаеме дека земјите во опкружувањето имаат значително поголем економски раст од Србија и кога економијата на Европската унија заживува. Србија годишно троши по три отсто од БДП за отплата на камати, а околу 14 до 15 проценти од бруто домашниот производ оди на отплата на главниците. Само врз осноа на тоа динарот би требало да слабее. Ваквото движење на курсот не може долго да се одржува. Веќе следната година очекувам многу поголем раст на увозот од извозот и слабеење на динарот, а со тоа и промена на јавниот долг, наведува Ковачевиќ додавајќи дека на јакнењето на вредноста на динариот најмногу придонеле директните странски инвестиции.

Тој смета дека иако Народната банка на Србија годинава купи над милијарда евра, требало да купи значително повеќе девизи со цел да не дозволи раст на вредноста на динарот.

Од почетокот на годината Народната банка на Србија на девизните пазари купи околу 1,3 милијарди евра, а продаде 345 милиони и тоа сите во првиот квартал од годината.

Милојко Антиќ

Професорот на белградскиот Економски факултет Милојко Арсиќ истакнува дека Владата треба да се занимава со буџетскиот дефицит како доминантен фактор што влијае на јавниот долг, оценувајќи дека изразувањето на јавниот долг како удел во бруто домашниот производ може да залаже.

- Минатата година имавме јакнење на доларот, па по тој однос и раст на јавниот долг. Оваа година доларот ослабна, па и јавниот долг се намали. Тоа на што државата може да влијае е буџетот и само долгогодишна рамнотежа или мал дефицит до еден отсто од БДП може реално да го намали јавниот долг, оценува Арсиќ.