Македонија
15. February 2021 - 12:37

Како ќе тече процесот на вакцинација?

Дневно по околу 200 граѓани ќе можат да примат вакцина во поликлиниките кои ќе бидат отворени за имунизација од кои дел ќе работат во две смени. Во диспанзерите ќе има доволно простор и време по примањето на вакцината граѓаните да почекаат за евентуални контраиндикации.

Во Магазин здравје др. Виктор Исијановски директор на Здравствен дом Скопје зборуваше за процесот на имунизација. Закажувањето ќе оди строго преку порталот вакцинација.мк и „Мој Термин“ а граѓаните ќе добијат и вакцинален пасош по примање на двете дози.