Македонија
7. December 2021 - 21:17

Како ќе се справи новото раководство на ,,Лајка‘‘ со бездомните кучиња - што бараат здруженијата?

Проблемот со кучињата скитници во главниот град и понатаму е актуелен и без конкретно решение. За тоа говори и полицискиот билтен, во кој речиси и да нема ден, а да не се регистирани пријави од страна на граѓани кои биле нападнати од куче бездомник. Според податоците на МВР овој проблем на своја кожа во изминативе 12 месеци го почувствувале 606 скопјани. 

Претходно раководството на Лајка беше мета на жестоки критики за проблемот со кој се соочува главниот град.

Каква програма ќе понуди новиот ВД директор на јавното претпријатие го прашавме искусниот ветеринар Воислав Димитровски прво сака да го слушне гласот на здруженијата за заштита на животните и нивните барања.

За да се стави крај на долгогодишниот проблем од здружението за заштина на животни Анима Мунди , велат дека е неопходно да се кастира и стерилизира 75 проценти од бездомната популација.Според нив, ова е најефикасно и најисплатливо решение за сиромашна земја како што е Македонија.

Инаку според податоците на Лајка но и на здруженијата за заштина на животните на скопските улици лани имало околу 2000 кучиња.