Македонија
29. јуни 2021 - 21:21

Како ќе се одвива наставата од септември?

Освен враќањето на децата во училишните клупи како сценарио број 1, министерката за образоавние не ја исклучува можноста за реализација и на целодневната настава во оние училишта каде имало ваков вид настава пред пандемијата. Но и во овој случај наставата би се одвивала под строго утврдени здарвстени протоколи, односно без мешање на учениците од различни одделенија.

Министерката останува на ставот дека свидетелства ќе добијат сите ученици до крајот на август, посочувајќи дека Бирото за развој на образование е надлежно да утврди со која динамика ќе го спроведат целиот процес. Во однос на изборните предмети, како посебен преднет останува да се изучува и етика на религии.

Царовска најави и дека се подготвени за новите реформи кои треба д астартуваат од септември. Програмите за прво и четврто одделение се веќе доенсени. Дигиталните учебници треба да бидат готови до средината на август. Во тек е набавката на 10 000 таблети, а дополнитлено се подготвуваат и кабинетите за природни науки за 256 училишта.