Џет-Сет
9. March 2016 - 10:33

Како ќе реагирате ако на интервјуто за работа ве прашува лично Златан Ибрахимовиќ

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ, кој е сопственик на неколку фирми одлучи сам да направи разговор со кандидатите за работа.

На Ибра фудбалот му е на право место, но шведскиот фудбалер се занимава и со приватен бизнис. Тој одлучи како директор да направи разговор со кандидатите кои се пријавиле за работа.

Еден од кандидатите потполно се избезумил кога го здогледал Ибрахимовиќ.

-Не очекував дека ќе ве запознам, изјави овој кандидат, кој и не дал добри одговори.

Ибрахимовиќ потоа го праша:

-Добро ли си? Дали ќе ти бидат доволни две минути да земеш воздух? - рече Ибрахимовиќ, а потоа го продолжија разговорот.

Не е познато дали овој кандидат доби работа.