Македонија
23. December 2021 - 21:16

Како ќе функционира „Отворен Балкан“ во пракса?

Отворен Балкан ќе повлече одлив на висококвалификува кадар и сезонски работници од земјава во Албанија и Србија, сметаат дел од познавачите. Се очекува  најголем интерес за работа таму да се јави кај медицинскиот персонал, од ИТ секторот, но и од други професии. Но, велат се ќе зависи од тоа како ќе се развиваат овие две економии во слендиот период.

-Некој кој сакал да оди во ЕУ, а не успеал сега ќе оди зошто сме поблиски и со јазик и со култура и со се. Има доста граѓани тука што знаат добро и албански и српски јазик.  Економски се развиваат побргу. Во Македонија пак може нема да дојдат од Војводина, од  Белград, но ќе дојдат работници  од делови на  јужна Србија. Исто така за Албанија сме интересни во пограничните подрачја, вели за Сител Лазар Јовевски- универзитетски професор.

Сепак, единствениот пазар на труд кој е договрен, засега е само на хартија.Според Јовевски, за да почне да се применува во пракса, во следниот период ќе треба да се прецизираат сите правни и технички аспекти- да се направи измена на повеќе закони, но и да се поврзат системите на инитуциите меѓу сите ти држави.

Се ќе зависи дали ќе се користи некој европски модел или ќе се креира некој нов балкански модел. Но, наједноставно ќе биде ако се изедначат работничките права на сите овие граќани од трите земји. Но каков модел и да се донесе треба да има заштита на интересите на домашните граѓани. И во Европа колку и да е дозволено сепак градација на домашните граѓани со оние кои на работа доаѓаат од друг земји во ЕУ, додадва Јовевски.

Пред два дена, премиерите на Македонија, Србија и Албанија потпишаа договор со кој од следната година овие граѓани ќе можат да работат и д апрестојуваат во секоја од овие три држави исто како што тоа го прават граѓаните на ЕУ.