Македонија
3. September 2015 - 15:10

Како изгледа Водно ден по пожарот?!

Петнаесет хектари мешана шума, грмушки и трева гореа синоќа во пожар кој околу 19 часот се појави на Водно, кај Теферич.
 
Од Дирекцијата за заштита и спасување денес соопштија дека во гасење на пожарот биле ангажирани тимовите од подрачните одделенија за заштита и спасување Кисела Вода, Град Скопје и Чаир со  вкупно 30 лица, и ТППЕ со 7 возила и 15 пожарникари.
 
Пожарот е изгаснат во 1 часот по полноќ.
 
Како изгледа опожарената површина денес погледнете во видеото снимено со дрон од Flysky.