Македонија
11. April 2016 - 11:38

Како изгледа основно училиште во Гевгелија денеска

По вчерашните тензии на македонско грчката граница, кога врз македонските безбедносни сили задолжени за граничното обезбедување удрија мигранти од кампот во Идомени, дополнителни сили на МВР и АРМ се стацирани во јужниот дел од земјата.

На социјалните мрежи се појави оваа фотографија од дворот на основното училиште во Гевгелија каде се паркирани специјалните полициски возила.