Loading Video...
Балкан
29. July 2020 - 16:40

Како и под кои услови можете да летувате во Хрватска?

Хрватска со подотворена врата за македонските туристи, но само доколку на граница покажат потврда за уплатен туристички аранжман и негативен корона тест. Останува да се види дали овие мерки ке останат да важат и по 31 јули кога се очекува ревидирање на листите на безбедни земји не само во Хрватска туку и на ниво на ЕУ.

Рампата за Македонците ја крена и Бугарија, но повторно само доколку покажат негативен тест не постар од 72 часа.

За разлика од овие две земји, Грција и Црна Гора остануваат затворени за македонските грагани кои се на листата на држави за кои целосно е  забранет влез.

Србија и Албанија остануваат единствени држави со отворени граници, додека во Косово за македонските патници е задолжителен корона тест.

Во меѓувреме, во ЕУ расте загриженоста поради ширење на корона вирусот преку туристи кои се вракаат од одмор од ризичните подрачја. 

Такви примери се регистрирани во Германија и тоа на лица кои се вратиле од летување во Италија и Шпанија, но и од Велика Британија.

Сепак германските власти инсистираат внатрешните граници на ЕУ да останат отворени и од први август кога повторно ке се одлучува за режимот на патување, но затоа е најавено дека ке се воведе задолжително бесплатно тестирање на сите оние кои доаѓаат од  листата на небезбедните земји, меѓу кои е и целиот Западен Балкан.