Македонија
14. January 2022 - 16:36

Како Франција ќе помогне за надминување на спорот Скопје - Софија?

Франција нема да биде посредник во спорот мегу Скопје и Софија, дециден е францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. 

Според него, двете страни треба сами да дојдат до решение, а секое мешање на трета страна би било непродуктивно. 

Бомгартнер посочи дека иако во следните 6 месеци, за време на француското претседавање со Унијата не е предвиден конкретен датум за првата меѓувладина конференција, мегу земјите членки постои волја преговорите со Македонија и Албанија да почнат што е можно побрзо. Бомгартнер смета дека претстојната посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје е позитивен сигнал за дијалогот, став со кој се согласи и евроамбасадорот Гир.

Во однос на декларациите на Скопје и на Софија во кои се исцратни црвените линиии на двете земји, евроамбасадорот Гир појасни дека тоа е билатерално прашање во кое Унијата нема да се меша. 

Францускиот амбасадор пак не гледа можност за одвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на проширување,бидејки засега за тоа не постои политичка волја во Унијата.